top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Никол Кидман во блескаво издание

07.12.2021 Dekemvri Vtornik

Таа ја толкува улогата на една од најпознатите телевизиски ѕвезди на сите времиња, Лусил Бол. Затоа не е изненадување што Никол Кидман го донесе стариот холивудски гламур на црвениот тепих додека присуствуваше на премиерата на биографската драма Being The Ricardos („Да се биде Рикардос“) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта. Актерката (54) изгледа етерично во лелеава тоалета на „Армани прајв“ додека му се придружува на сопругот на екранот Хавиер Бардем на промоцијата на филмот. Филмот е базиран на вистинита приказна, а дејството се фокусира на Лусил (Кидман) и нејзиниот прв сопруг Деси Арназ (Бардем), автори на серијалот „Ја сакам Луси“, додека се соочуваат со криза што се заканува да стави крај на нивните кариери и со друга криза што може да стави крај на нивниот брак.





1 view

Comments


bottom of page