top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Никогаш задоволен, секогаш гладен за нешто повеќе: Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан

Шведскиот фудбалски ас, Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот на Милан и во натпреварувачката 2022/2023.

Оваа информација која веќе некое време кружеше во медиумите денеска беше потврдена од самиот клуб кој и соопшти на јавноста дека си подале рака со напаѓачот за продолжување на соработката до 2023 година.

Со ова Ибра ќе го продолжи престојот во Милано, клубот во кој се врати во 2020 да му помогне, да му го врати победничкиот дух, потег кој се покажа како вистински со оглед на тоа што „росонерите“ минатата сезона ја освоија лигашката титула.

Златан нема да му биде достапен на тренерот Стефано Пиоли до крајот на оваа година по операцијата на коленото, но се очекува да биде вистинско засилување за вториот дел од кампањата.

-Никогаш задоволен, секогаш гладен за нешто повеќе, -се вели во видеото кое Милан го објави по повод новиот договор на напаѓачот.


3 views

Comments


bottom of page