Ники Минаж го обвини Пирс Морган дека лаже за неа на „Твитер“
15.09.2021 Septemvri Sreda
Раперката Ники Минаж влезе во војна со зборови со ТВ-водителот Пирс Морган кога тој ја обвини за ширење дезинформации за вакцината против Ковид-19 и за конфликт со професорката Крис Вити, главен медицински советник на британската влада.
Пирс твитна: „Професорката Вити како се расправа со грозната Ники Минаж (една од најбезобразните мали госпоѓи што сум ги сретнал) не е ударната вест што ја очекував денес – ама е добродојдена. Таа тргува со лаги што ќе чинат животи“.
Како одговор на ова, 38-годишната раперка напиша: „Господине, никогаш не сум ве сретнала. Знам дека сите ние изгледаме слично.’Најбезобразна мала госпоѓа‘ – ми се допаѓа. Има посебен шмек. Фала, Пирс. Го сакам акцентот. Би сакала да разговарам со вас. Кловновски нос и големи црвени чевли за вас“.
56 -годишниот Пирс тогаш инсистира дека веќе ја запознал Ники на America’s Got Talent. Тој дури и објасни што се случило на шоуто за таленти.
Comentarios