top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ни самиот не знам како топката влезе низ обрачот, вели Димитријевиќ

Неверојатната тројка од голема далечина на Ненад Димитриевиќ во самата завршница ѝ донесе на македонската кошаркарска репрезентација победа на гостувањето против Данска од 73-70, на почетокот на претквалифицикациите за Европското првенство во 2025 година. Бекот на руски Уникс Казан на тој начин го круниса својот извонреден настап на кој постигна 29 поени. Тој, сепак, истакнува дека победата е остварена со напорна тимска работа.

– Секој даде свој придонес во оваа особено важна победа, која како што реков и порано, е особено значајна затоа што доаѓа на стартот на циклусот. Не знам како би го опишал последниот шут. Најважно е дека топката влезе низ обрачот. Како, не знам ни јас самиот. Се обидов, погодив, победивме, тоа останува. Одиме понатаму – изјави Димитирјевиќ за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.

Кошаркарската репрезентација в недела ќе игра против Словачка во Скопје, во второто претквалификациско коло.



2 views

Comments


bottom of page