Нејмар седна на обвинителна клупа, Шпанците бараат затворска казна
- Aleksandar Santovski
- Oct 17, 2022
- 1 min read
Голот на Нејмар вчера му донесе победа на ПСЖ во дербито со Олимпик Марсеј, за денес да седне на обвинителна клупа во Барселона. Бразилецот е обвинет за корупција и измама поради неговиот трансфер во Барселона пред речиси десет години, а учеството во случајот може да му донесе двегодишна затворска казна. Шпанските обвинители бараат затворска и парична казна за Нејмар, а обвинети се и неговиот татко и поранешните претседатели на Барселона, Сандро Росел и Жозеп Бартомеу. Случајот е изграден врз докази на компанијата „ДИС“ која имала 40 проценти од правата на Нејмар, а кога тој заминал од Сантош во Барса, им бил пресметан процент од трансфер сума која изнесувала 17 милиони евра. Компанијата и обвинителите имаат докази дека трансферот бил тежок над 80 милиони евра, па затоа од сите инволвирани ќе се бара и сериозна финансиска компензација, додека судот ќе одлучи дали се потребни и затворски казни.

Comments