Нејмар се исповеда за најтешкиот пораз во кариерата: Соблекувалната изгледаше како погреб, подобро д
Нејмар се исповеда за најтешкиот пораз во кариерата: Соблекувалната изгледаше како погреб, подобро да не дадев гол
Нејмар ја пропушти завршницата од сезоната поради нова повреда и многумина предвреме го отпишаа од тимот на ПСЖ, но пристигнувањето на Луис Енрике дефинитивно означува „оживување“ на неговата кариера во француската престолнина.
Бразилецот пред неколку дена самиот потврди дека ќе остане во Париз и покрај тоа што веќе не ја ужива поддршката од навивачите на клубот, но бидејќи се уште не е достапен за тренинзи, Нејмар сега привлече внимание и со јавното излагање кое го имаше во разговорот со јутјуберот Касимиро.
Ѕвездата на ПСЖ се исповеда за драматичниот пораз од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство, кој за него вели дека е најтежок во кариерата поради сето она што го видел и проживеал во период од пет дена.
– По крајот на Светското првенство во Катар, сериозно размислував повеќе да не се вратам во селекцијата. Сериозно бев решен, но потоа повторно ја разгледав одлуката и се премислив. По тешкиот пораз на мундијалот, не сакав повторно да доживеам нешто слично и бев решен да си одам, но јас сум амбициозен и се премислив.
– Се сеќавам дека плачев пет дена во низа по поразот од Хрватска. Навистина многу боли, твојот сон се крши на делови, а начинот на кој се случи тоа беше навистина болен. Подобро да не дадев гол, да останеше 0:0 и да загубевме на пенали. Постигнатиот гол не фрли во екстаза, а потоа примивме гол и загубивме на пенали. Тоа беше вистински хорор за нас, најтешкиот момент во мојот живот. Соблекувалната изгледаше како погреб, секој плачеше на друга страна, некои играчи беа еден врз друг. Тоа беше ужасна слика која не сакам повторно да ја искусам, – открива Нејмар.
Comentarios