top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нејмар пред да се пензионира би сакал да игра во САД

Бразилскиот фудбалер Нејмар, открил дека би сакал барем една сезона во кариерата, да одигра во американската МЛС лига. Нејмар има договор со ПСЖ до 2025 година.

На прашањето дали би сакал да се пензионира во татковината, 30-годишникот одговорил:

„„Не знам, не сум сигурен. Не знам дали воопшто некогаш ќе играм во Бразил. Но би сакал да играм во САД. Барем една сезона“, рекол Нејмар и објаснил зошто би сакал да игра во Америка.

„Како прво, таму сезоната е пократка. Тоа значи дека би имал три месеци за одмор. Подолго би ми траела кариерата“.

Нејмар е професионалец од својата 17 година.


1 view

コメント


bottom of page