Нејмар ги „поздрави“ критичарите на Меси: Луѓето многу зборуваат…
Екипата на Пари Сен Жермен дојде до првиот трофеј во новата сезона и тоа во Супер Купот на Франција каде го прегази составот на Нант со 4-0.
Ова беше средба на која најдобар на теренот беше Лионел Меси кој воедно го постигна и првиот гол со кој се отвори средбата во Израел.
Со ова Аргентинецот најави многу подобра кампања од минатата, а во исто време му овозможи на неговиот добар пријател Нејмар да испрати порака. Бразилецот беше запрашан дали започнува ерата на новиот Меси во ПСЖ, а неговиот одговор беше следен:
-Не верувам. Луѓето преммногу зборуваат. Тие не знаат што се случува секој ден, што се случува внатре. Лео, тоа е Лео. Сè уште е Лео, не се менува. Не, тој продолжува да ја прави разликата, се прилагодува. Секако дека се надеваме дека се ќе оди добро за нас тројцата, за мене, Лео и Килијан [Мбапе]. Ако ние тројца сме добро, сигурен сум дека тоа е добро за тимот, -рече Неј и додаде:
-Задоволен сум, имавме многу добар натпревар со тимот. Многу е важно да почнеме да победуваме, тоа е натпревар кој завршува со трофеј. Што и да се случи, треба да победиш, -заклучи бразилската ѕвезда.
Comments