Нејмар: Ако не играм на Мундијалот, милиони луѓе нема да го гледаат турнирот!
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
03.04.2026 April Petok
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, интензивно го рехабилитира своето тело и се труди да остане во добра форма, а негова главна цел е настап на уште едно Светско првенство со „кариоките“.
Иако селекторот Карло Анчелоти не даде потврда дека го има Нејмар во своите планови за Мундијалот, фудбалерот на Сантос даде прилично самоуверена изјава, со која го привлече вниманието на многу фанови ширум светот. „Ги презедов сите потребни чекори за да бидам во добра форма. Се трудам да останам фит, сакам да играм на Светското првенство и да ја освојам титулата со Бразил. Тоа ќе биде остварување на најголемиот сон. Ако не играм на Мундијалот, мислам дека милиони луѓе нема да го гледаат турнирот. Не само во родната земја, туку и ширум светот. Токму тоа е поентата на овие првенства, да ги соберат на едно место најдобрите светски фудбалери“, изјави Нејмар.
Бразил на Светското првенство ќе настапи во групата Ц, заедно со селекциите на Мароко, Шкотска и Хаити. Нејмар е вистинска легенда на националниот тим - има одиграно 129 натпревари и постигна вкупно 79 голови.






Comments