top of page

Нешто ново од нашата музичка сцена што не остави без зборови – ќе се воодушевите и вие од песнава Нов, свеж звук што има душа фото и видео

25.06.2026 juni Cetvrtok

Darkoff со силно деби на македонската сцена за песната „Чекор“! 

На македонската музичка сцена конечно пристигнува проект кој уште на прво слушање ги крши секојдневните шаблони.

Advertisement

Дарко, познат под уметничкото име Darkoff, го промовираше своето деби-остварување насловено „Чекор“ – модерна комбинација на електро-звук, силна емоција и атмосфера која едноставно мора да се почувствува.

Принтскрин/ Јутуб

Песната ја изведува младата и талентирана Сара Ташкоска, чиј вокал совршено се вклопува во целиот амбиент. Текстот е дело на познатата Дина Јашари, која се појавува и како пратечки вокал, додека музиката и аранжманот се целосно на Darkoff. За ко-продукцијата, миксот и мастерингот се погрижи Андрејник (препознатлив по соработката со Young Dadi за хитот „Лидија“).

Advertisement

Кој е всушност Darkoff?

Она што го издвојува ова младо момче е неговата богата уметничка позадина. Тој уште од 10-годишна возраст свири клавир, а веќе од дванаесеттата активно се посветува на латино и хип-хоп танцувањето.Овој спој на ритам и движење јасно се чувствува во неговиот авторски израз. По пет години активно компонирање зад затворени врати, тој за првпат официјално ѝ се претставува на јавноста.

Приватна архива

На домашната сцена ѝ недостасува повеќе мелодичност – музика што има душа, што останува во глава и по завршувањето на песната и што вистински може да допре до луѓето.

reklama

Но затоа сега тука е Darkoff.

Принтскрин/ Јутуб

Спот со филмска естетика и многу копнеж

Визуелната приказна на „Чекор“ не е само обичен додаток, туку филмско продолжение на самата песна.

Наместо класично љубовно сценарио, видеото носи визуелизации кои раскажуваат за девојка која трага по некого, мечтае и се губи во сопствените чувства на копнеж, тишина и надеж.

Во време кога сè звучи слично, Darkoff со „Чекор“ храбро гради свој препознатлив правец и карактер на домашната сцена.


 
 
 

Comments


bottom of page