Search
„Нетфликс“ се здружи со „Мајкрософот“, најавува промени во претплатата
- Aleksandar Santovski
- Jul 15, 2022
- 1 min read
„Нетфликс“ се здружи со „Мајкрософт“ за да им понуди поевтин план за претплата на корисниците што ќе прикажуваат реклами или огласи. Стриминг-гигантот соопшти дека услугата ќе биде дополнување на своите постојни планови, кои не вклучуваат реклами. Компанијата сè уште не откри колку планира да им наплати на претплатниците за новата услуга. „Нетфликс“ го објави овој потег по пријавувањето на својата прва загуба на претплатници по повеќе од една деценија и укина стотици работни места претходно оваа година. Компанијата соопшти дека го избрала „Мајкрософт“ за свој глобален партнер за рекламна технологија и продажба со цел да воведе поевтина претплата со огласи/реклами.

Comments