top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Нетфликс“ одби да ја обележи серијата „Круната“ како фикција

11.12.2020 Декември Петок

И покрај многубројните барања, „Нетфликс“ официјално одби да ја обележи четвртата сезона од серијата „Круната“ како фикција, пишува „Индипендент“. Критичарите посочија дека серијата содржи низа измислени клучни сцени и изразија загриженост дека публиката можеби нема да сфати дека станува збор за фикција. Ова создава посебен проблем за кралското семејство, кое повторно се соочува со многубројни критики во јавноста за начинот на кој се однесувале кон принцезата Дијана. Под особен напад се принцот Чарлс и војвотката Камила, бидејќи серијата опфаќа период во кој двајцата тајно се забавувале додека принцот бил оженет со Дијана.

Актерката Хелена Бонам-Картер, која ја игра принцезата Маргарет во оваа серија, вели дека „Нетфликс“ има „морална одговорност“ да ги опише настаните во серијата како измислени. Меѓутоа, портпаролот на „Нетфликс“ во краткото соопштение за јавноста наведе дека е многу јасно дека станува збор за фикција. – Ние целосно веруваме дека гледачите на серијата разбираат дека станува збор за фикција заснована врз историски настани. Не планираме и не гледаме потреба конкретно да го назначиме тоа – беше речено кратко.


4 views

Comments


bottom of page