top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Нетфликс“ губи претплатници првпат по повеќе од 10 години

Вредноста на акциите на „Нетфликс“ потона за 23% доцна во вторникот, откако компанијата објави разочарувачки извештај за претплатата. Стриминг-гигантот соопшти дека изгубил 200.000 претплатници во првиот квартал и очекува овој негативен тренд да продолжи. Ова е прв пад по повеќе од една деценија. Падот дојде откако компанијата ги зголеми цените на клучните пазари, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, а во меѓувреме се повлече од Русија. Стримерот предупреди дека претстојат повеќе загуби и навести дека ќе почне да го спречува споделувањето на профили додека се обидува да регистрира нови членови. Се проценува дека повеќе од 100 милиони домаќинства ги прекршуваат неговите правила со споделување лозинки. Рид Хестингс, сопственикот на стриминг-гигантот, изјави: „Кога растевме, не беше висок приоритет да работиме на споделувањето акаунти. А сега работиме многу напорно на тоа прашање“. Лукас Шо, кој го пишува билтенот „Скринтајмс“ за вестите на „Блумберг“, изјави за Би-би-си дека споделувањето лозинки е проблем за Нетфликс веќе долго време. „Се чувствува дека компанијата се обидува да идентификува област на потенцијален раст“, рече тој.


3 views

Comments


bottom of page