„Нетфликс“ го откажа филмот на Меган Маркл
Уште во есента 2020 година, откако Меган и Хари отворија сопствена продуцентска куќа „Арчевел“, стриминг сервисот Нетфликс најави одлична соработка со поранешната кралска двојка и без проблем даде 100 милиони долари. Две години подоцна, проектите се уште не ја виделе светлината на денот, а „Нетфликс“ сега одлучи да стави крај на тоа. „Нетфликс“ го откажа анимираниот филм на Меган Маркл „Бисер“, кој долго време беше во зародиш. Тоа е нов удар за Меган и нејзината продукциска куќа „Арчевел“, која ја основа во 2020 година со нејзиниот сопруг принцот Хари. Креатор на анимираниот филм ‘Pearl’, кој требаше да ја прикаже фантазијата и историјата низ авантурите на 12-годишно девојче во секојдневните животни предизвици, е самата Меган Маркл. Се чини дека поранешната војвотка не успеала да го заврши својот проект речиси две години, а Нетфликс поради тоа бил принуден да го откаже. Нетфликс го направи истото во последните денови со голем број други анимирани проекти кои не ги исполнија роковите и се уште се во рана фаза. Тие им порачаа на сите продуценти да се обидат да ги претстават своите проекти на некои други платформи за стриминг, кои барем денес не недостасуваат. Сепак, не е јасно дали истата инструкција ја добила и сопругата на принцот Хари, бидејќи блиски извори велат дека Нетфликс се уште се надева на други продукциски проекти на „Арчевел“. Од друга страна, Хари и Меган тврдат дека наскоро ќе ги оправдаат вложените милијарди на Нетфликс. Наводно, тој работи на документарен филм за Invictus игрите, а филмската екипа ги следеше принцот и Меган за време на последните игри во Холандија. Многумина веруваа дека Меган сака да го покаже своето детство со анимираниот филм.
Comentarios