Неспоредливата Шерон Стоун наполни 64 години
- Aleksandar Santovski
- Mar 11, 2022
- 1 min read
Холивудската ветеранка Шерон Стоун наполни 64 години во четвртокот, а ден пред тоа се најде на насловната страница на португалски GQ. Откако ја почна актерската кариера во 1980-тите, Стоун стана позната по улогите на фатални убавици во „Ниски страсти“, еротски трилер од 1992 година со најкоментираната сцена на вкрстување на нозете, „Специјалист“ и „Казино“. Стоун има освоено „Еми“ и „Златен глобус“, а доби и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Оваа актерка плени со својот изглед, убавата насмевка и ставот на самоуверена дама. Многумина сметаат дека таа сè уште е една од најхаризматичните појави. Стоун изгледа прекрасно на корицата на најновото издание на магазинот GQ Portugal („Џеј-кју“ Португалија). Во средата, таа се огласи на Инстаграм за да сподели фотографии и да се заблагодари на фантастичниот тим на публикацијата. Холивудската ветеранка сподели две различни насловни фотографии од профилотна GQ Portugal и рече: „Ви благодарам @gqportugal и фантастичниот тим“. Алтернативната корица има уметничка снимка од Стоун, одблиску и заматена.




Commentaires