Неславен јубилеј во Мадрид: Играч на Реал „прослави“ 1.000 денови во клупската болница!
17.11.2026 Noemvri Vtornik
Францускиот дефанзивец Ферлан Менди запиша неславен рекорд во дресот на Реал Мадрид, откако надмина вкупно 1.000 денови поминати надвор од фудбалските терени поради повреди.
Од неговото пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“ во 2019 година, левиот бек се соочи со дури 22 различни повреди во текот на осум сезони, а тоа ја натера угледната „Марка“ да направи една анализа на повредите кои ги имаше некогашниот француски репрезентативец.
Левиот бек во последните неколку сезони доби статус на „кристален фудбалер“, а доказ за тоа е и педантната анализа која ја направија новинарите на „Марка“.
Според деталната аналитика на шпанскиот весник, проблемите со повредите на Менди драстично се влошуваат во последните две натпреварувачки години, додека во првите пет сезони неговите отсуства се движеле помеѓу 65 и 123 денови годишно.
Суровиот и застрашувачки биланс вели дека Менди бил 65 дена надвор од терените во неговата прва сезона во Реал Мадрид, 123 во втората, 89 во третата, 90 во четвртата, 97 во петтата, а оттогаш наваму, состојбата само се влошува.
Во сезоната 2024/25 тој паузираше дури 250 денови, а во минатата 2025/26 сезона бројката достигна рекордни 286 денови во клупската болница на „кралевите“.
Последниот официјален настап на 31-годишниот Французин датира од 3-ти мај годинава против Еспањол, кога по само десетина минути игра заработи тешка руптура на тетивата на десната нога. По оперативниот зафат извршен во Лион неколку дена подоцна, Менди се уште нема запишано ниту една минута во тековната 2026/27 сезона.
Иако дефанзивецот веќе се врати во тренажен процес со првиот тим, неговата иднина во клубот е крајно неизвесна, особено ако се знае дека Жозе Мурињо има на располагање два врвни леви бекови во Марк Кукурелја и Алваро Карерас.







Comments