Нереални бројки: „Њујорк Тајмс“ ја откри нестварната сума која ќе ја заработи Мбапе од новиот догово
Нереални бројки: „Њујорк Тајмс“ ја откри нестварната сума која ќе ја заработи Мбапе од новиот договор со ПСЖ Килијан Мбапе долго време преговараше со Реал Мадрид и имаше постигнато усмен договор со Флорентино Перез, кој на крајот не се стави на хартија и кој направи Французинот во последен момент да ја прифати понудата од ПСЖ. Кога сите очекуваа соопштение од него за крај на соработката со ПСЖ, Мбапе стави потпис на нов договор до 2025-та година, па иако беше јасно дека станува збор за нешто посебно кога се финансиите во прашање, „Њујорк Тајмс“ сега ги откри деталите и ја зачуди јавноста. Мбапе изминативе неколку месеци во неколку наврати порача дека не се задржал поради парите, но угледниот медиум кој му го направи последното интервју на Килијан ја откри главната содржина од договорот и обелодени дека се работи за нестварна сума. Французинот ќе заработи 251 милион евра од трите години во ПСЖ, што значи дека секоја сезона ќе добива речиси по 83 милиони евра. Ова е убедливо најбогатиот договор во историјата на фудбалот, а „Њујорк Тајмс“ тврди дека Мбапе добил и страшна награда поради ставениот потпис на договорот. Како бонус од страна на водечките луѓе од Катар, Мбапе добил бонус од 125 милиони евра.
Comments