Непрепознатлив како ќелав и крупен маж: Шон Пен во нова серија за аферата Вотергејт
По претставувањето на трејлерот за претстојната серија „Гаслит“ која зборува за аферата Вотергејт, трансформацијата на Шон Пен за улогата на американскиот државен обвинител предизвика лавина реакции бидејќи актерот изгледа непрепознатливо благодарение на протетските додатоци. Трансформиран во јавен обвинител на претседателот Ричард Никсон – Џон Мичел, Шон Пен со помош на протетика и шминка добива изглед на ќелав, крупен маж.
Џулија Робертс изгледа многу погламурозно во улогата на сопругата на Мичел, Марта, која беше првата личност која јавно го обвини Никсон за бројни проневери и афера што резултираше со негова оставка.
Трејлерот ветува политички конфликт на највисоко ниво, бидејќи Марта е означена како „луда“ во првите неколку секунди. Потоа се брани со зборовите: “Јас сум јужњак. Го кажуваме тоа што мислиме. Никогаш не престанувам да зборувам”. Водителот на интервјуто потоа одговара: „Се обложувам дека тоа му се допаѓа на вашиот сопруг“, пред таа да дофрли: „Тој го прифаќа тоа“.
„Гаслит“ беше проект кој претходно се најде на насловните страници кога Пен одби да се врати на сетот додека целата актерска екипа и другите работници не се вакцинираат против коронавирусот. Обраќајќи му се на Мајкл Смеркониш на Си-Ен-Ен во август, тој објасни: „Верувам дека ова треба да биде задолжително, како што е вклучувањето на светлото на автомобилот ноќе“.
Comments