top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Непомнијашчи е на половина поен до нов дуел за светската титула

ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИТЕ

На Русинот Јан Непомнијашчи (рејтинг 2.766) му треба само уште едно реми во последните две кола за да триумфира на Турнирот на кандидатите, кој се игра во Мадрид (Шпанија), и со тоа вторпат во низа да го предизвика за светската титула актуелниот шампион, Норвежанецот Магнус Карлсен, во 2023 година. Тој во 12-то коло ремизира по само 14 потези игра со Американецот Хикару Накамура (рејтинг 2.760), откако трипати беше видена истата позиција на таблата. Единствената партија што не заврши со реми во тоа коло беше победата со црни фигури на Азербејџанецот Тимур Раџабов (2.753), на мечот со Кинезот Динг Лирен (2.806). Лирен со победа ќе му се доближеше на Непомнијашчи само на еден поен разлика. Со поразот тој сега падна на третото место иако има ист број бодови со Најамура, со кого ќе се сретне во последното коло. Ако Карлсен одбие да ја брани титулата, како што имаше претходно најави од него, тогаш за светската круна ќе играат првопласираниот и второпласираниот од овој турнир. Полјакот Јан-Кшиштоф Дуда (рејтинг 2.750) и Французинот Алиреза Фирузја (2.793) во долга и остра партија ремизираа. Иако Унгарецот Рихард Рапорт (2.764) имаше пешак повеќе против Американецот Фабиано Каруана (2.783), сепак, на крајот од партијата на таблата беше видено лесно одржливо реми. Табела: Непомнијашчи 8,5, Накамура 6,5, Лирен 6,5, Раџабов 6, Каруана 6, Дуда 5, Рапорт 5, Фирузја 4,5 поени. Двојки 13-то коло: Непомнијашчи – Рапорт, Накамура – Дуда, Фирузја – Лирен, Раџабов – Каруана. Г.И.


2 views

Comments


bottom of page