top of page

Непобедливиот Маркез оствари седма победа во низа во Мото ГП

25.08.2025 Avgust Ponedelnik

Првата Мото ГП трката на „Балатон парк“ во Унгарија заврши без големо изненадување, односно со нова победа на Марк Маркез кој продолжи со својата тиранија во „кралската класа“ во оваа фаза од сезоната.

Осумкратниот светски шампион ита кон нова титула и изгледа дека нема ниту еден ривал во овој момент, па така денеска стигна до седма победа во низа на главната трка, откако вчера стигна до седма победа во низа во саботните спринтови.

Маркез имаше мали проблеми на стартот и падна на четвртото место, но сепак брзо успеа да се врати на лидерската позиција и издоминира во свој препознатлив стил во црвениот мотоцикл на Дукати.

Марк одново водеше битка со Бецеки и успеа да го надмудри со своето агресивно возење, па до крајот немаше никакви проблеми и не наиде на напад од Акоста кој извозе добра трка и заврши втор.

Пиедесталот го комплетираше Бецеки како најдобар возач од Априлија, а добар викенд во Унгарија имаше и Хорхе Мартин кој заврши четврт после низата проблеми со повреди.

Пеко Бањаја имаше нова разочарувачка трка и заврши 9-ти, а истото важи и за Алекс Маркез кој заврши 14-ти.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page