top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Неочекуван проблем за Чави: Отпишаниот играч ја известил Барса дека ќе го доработи договорот

Барселона има сериозни амбиции на трансфер пазарот и планира неколку големи засилувања, но пред да се случи тоа, клубот ќе мора да се ослободи од неколку фудбалери на кои Чави Ернандес веќе им соопшти дека немаат место во неговиот тим.

Прекубројноста се претвора во голем проблем за најголемите клубови во последните години, но уште повеќе кога постојат играчи како Нето Мурара кои се задоволни со статусот на резерви.

Бразилскиот чувар на мрежата предизвикува неочекуван проблем за Чави и водечките структури на Барса задолжени за трансфер операции, бидејќи голманот им соопштил дека не планира да си оди ова лето.

Каталонскиот весник „Спорт“ открива дека Нето пресекол и решил да го одработи договорот кој му истекува наредната година, а притоа одбил и неколку понуди кои ги имал на маса.

Наместо да оди да брани и да биде прв голман, 32-годишниот Нето очигледно е задоволен со статусот на резерва на Тер Штеген, но и од фактот што ќе ги добие сите пари од договорот со каталонскиот гигант кој истекува на 30-ти јуни 2023-та година.


2 views

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page