top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Неочекуван пресврт: Наинголан си замина од Италија и прави изненадувачки трансфер

Раџа Наинголан пред два дена го раскина договорот со Интер и како слободен агент се чинеше дека ќе го комплетира трансферот во Калјари, но наместо тоа, дојде до драматичен пресврт и комплетна промена на планот.

„Нинџата“ Раџа минатите две сезони ги мина на позајмица во саканиот Калјари, но откако не добил задоволувачка понуда од клубот за перманентен договор, ова попладне слета во родната Белгија за да стави потпис и да комплетира изненадувачки трансфер.

Сите белгиски угледни медиуми информираат дека Наинголан се договорил на двегодишна соработка со Ројал Антверп, а откако беше уловен од новинарите како слета во својата земја, нема дилеми дека зделката е пред целосна реализација.

Искусниот 33-годишен играч за врска во наредните неколку часа треба да ги мине задолжителните медицински прегледи, по што ќе биде претставен како огромно засилување за Антверп.

Пред извесно време, Наинголан одби и богата понуда од Бешикташ за да се пресели во Турција во исчекување на вистинска понуда од клубот од Сардинија, но откако не го дочека тоа, реши да се врати во својата татковина.


2 views

Commentaires


bottom of page