top of page

НЕОЧЕКУВАН ИСХОДЏони Деп одбил да го глуми Чаплин: Улогата му донесе номинација за Оскар на Роберт Дауни Џуниор

Oct 2
2 min read

02.10.2026 Oktomvri Petok

Џони Деп во текот на кариерата неколкупати се најде во самиот врв кога станува збор за најважните филмски признанија, но една од поинтересните приказни од неговото минато се случила многу пред неговите номинации за Оскар.

На почетокот на деведесеттите, неговото име било разгледувано за улогата во филмот „Чаплин“, биографска приказна за легендарниот Чарли Чаплин, во режија на Ричард Атенборо.

Деп, сепак, не се задржал долго на размислување за таа можност. По средбата со режисерот, самиот заклучил дека веројатно не е човекот кој треба да ја толкува главната улога.

„Се сретнав со Атенборо. Цело време знаев дека сум целосно погрешен избор за улогата на Чаплин. Само сакав можност да го запознаам, да му кажам здраво“, изјавил тој, пренесува „Far Out Magazine“.

Денес таквата одлука изгледа многу поинтересно отколку што можеби изгледала во моментот кога била донесена. Деп во текот на деведесеттите изгради репутација на еден од најпрепознатливите актери од својата генерација, често избирајќи необични и сложени ликови.

Улогата на Чаплин на крајот му припаднала на Роберт Дауни Џуниор, чија интерпретација наиде на големо признание и му донесе номинација за Оскар за најдобар актер.

Од денешна перспектива, интересно е да се замисли како би изгледал филмот доколку токму Деп го прифатил предизвикот. Сепак, Деп подоцна морал да почека уште неколку години пред Академијата посериозно да ја вреднува неговата работа.

Првата номинација за Оскар ја доби за улогата на капетанот Џек Спероу во филмот „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“.

Таа номинација била малку невообичаена, имајќи предвид дека Академијата традиционално им дава предност на драматичните и трансформативните улоги. Деп, сепак, успеал од капетанот Џек Спероу да создаде лик кој стана еден од заштитните знаци на современиот Холивуд.


 
 
 

Comments


bottom of page