top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Неодамна откриена слика на фламанскиот сликар Ван Дајк веќе продадена на аукција за три милиони дола

Неодамна откриена слика на фламанскиот сликар Ван Дајк веќе продадена на аукција за три милиони долариНеодамна откриената слика на фламанскиот уметник Антонис ван Дијк е продадена на аукција за повеќе од три милиони долари, објави денеска порталот „Фокус на Белгија“.

Станува збор за слика ја купил претходниот сопственик за скромна сума од 600 долари. Сликата наречена „Свети Џером“ неодамна беше пронајдена во една гаража во Њујорк.

Сликата е идентификувана како дело на Ван Дајк.

Аукциската куќа Сотби, која ја организираше продажбата, рече дека сликата е „непогрешливо дело“ на фламанскиот уметник.

Ван Дајк (1599-1641), роден во Антверпен, се смета за еден од најголемите фламански барокни сликари, беспрекорен сликар на портрети и помошник на големиот Питер Пол Рубенс.

Најпознатите дела на Ван Дајк се Портрет на фламанска дама (1618), Крунисување со трње (1619-20), Портрет на Изабела Брант (1621), Портрет на Марија Луиз де Тасис (1630), Самсон и Далила (1630) и Портрет на Чарлс I (1635).



1 view

Comments


bottom of page