Необјавена снимка со Џон Ленон се продаде за 79.000 долари на аукција во Копенхаген
29.09.2021 Septemvri Sreda
Аудиокасета од интервју со Џон Ленон и Јоко Оно, вклучително и песна што никогаш не била објавена, а снимена во текот на нивната посета на Данска во 1970 година, е продадена за 370.000 дански круни (79.000 долари) на аукција во вторникот во Копенхаген. Касетата со необјавената песна Radio Peace била снимена на 5 јануари 1970 година од четири 16-годишни момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за училиштен магазин. Понудите за снимката, која беше ставена на продажба заедно со фотографии од разговорот со момчињата, почнаа со 100.000 круни. Пред аукцијата вредноста беше проценета помеѓу 200.000 и 300.000 круни (31.500-47.000 долари). На касетата, покрај разговорот, снимен е Ленон како свири на гитара и заедно со Оно ги пеат Give Peace a Chance и Radio Peace.
Comments