„Нема шанси!“ На Хари и Меган им забраниле да го фотографираат моментот кога кралицата првпат ја зап
„Нема шанси!“ На Хари и Меган им забраниле да го фотографираат моментот кога кралицата првпат ја запознава својата правнука Кралицата им забранила на принцот Хари и на Меган да донесат фотограф во замокот Виндзор за да го сними моментот кога Лилибет ја запознава Лилибет, објавија британските медиуми, алудирајќи на првата средба меѓу кралицата и нејзината правнука. Војводата и војвотката од Сасекс во четвртокот попладне првпат ја запознаа својата ќерка Лилибет со прабаба ѝ, дознава „Сан“. Тие сакаа да донесат приватен фотограф за да ја сними нивната прва средба лице в лице, но им беше кажано „не“. Лилибет го доби името по прекарот на кралицата од детството предизвикувајќи бура реакции поради тврдењата дека „на нејзиното височество не ѝ било кажано за одлуката“. Хари (37) и Меган (40) се вратија во Калифорнија во неделата попладне, без ниту една фотографија, пренесува весникот. Имаше стравувања дека сите фотографии од кралицата и Лилибет направени од фотографот на парот ќе им бидат споделени од нив на американските телевизиски мрежи. Истиот извор цитира инсајдер, кој рекол: „Хари и Меган сакаа нивниот фотограф да го сними моментот кога Лилибет ја запознава кралицата“. „Но, им беше кажано дека нема шанса. Тоа беше приватна семејна средба“. Бакингемската палата не сакаше да коментира.
Comentarios