Нема место на „Стемфорд Бриџ“: Челси се ослободи од напаѓачот кого го донесе во зимскиот преоден рок
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2023
- 1 min read
Челси почнува нова ера под водство на Маурисио Покетино, а една работа беше јасна дека ќе има голема чиста на „Стемфорд Бриџ“ со оглед на тоа што клубот имаше голем број на играчи.
На некои од нив им завршија договорите, некои беа продадени и ќе бидат продадени, а дел од нив ќе бидат испратени на позајмици. Еден од нив е напаѓачот Давид Датро Фофано кој пристигна во премиерлигашот на почетокот на оваа година од редовите на Молде.
За него беа издвоени 12 милиони евра, ама тој одигра само 4 натпревари или вкупно 112 минути за кои нема конкретен учинок. Повеќе од јасно е дека не може да добие соодветна минутажа во Челси, па клубот го испрати на едногодишен заем во Унион Берлин.
-Унион се развива со импресивно темпо во последните неколку години и возбуден сум што ќе бидам дел од тимот во новата сезона. Клубот долго време работеше напорно за да ме доведе, па сакам да се оддолжам со добар настап, -прокоментира Датро Фофана кој има 20 години.

Comments