Нема крај на кадровските проблеми: Србија остана без уште еден важен играч за СП
Српската кошаркарска репрезентација ќе биде значително ослабена на престојното Светско првенство кое ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија, бидејќи денеска откажа и петти важен играч кој беше планиран за турнирот.
Најголемото разочарување го режираше Никола Јокиќ кој откажа поради физички и психички замор по напорната сезона во НБА лигата, но сепак ѕвездата на Денвер не е единствената која ќе недостсува на селекторот.
Пешиќ секако имаше лимитиран ростер на подготовките за важниот настан, но денеска остана и без играчот на Црвена Звезда, Немања Недовиќ.
Сите угледни српски медиуми ја потврдија оваа информација и соопштија дека Недовиќ откажал поради лични проблеми, што прави да биде петти играч кој откажа за Мундобаскетот.
Пред него, тоа го направија Никола Јокиќ, Василије Мициќ и Никола Калиниќ, но во тимот нема да биде и Владими Луќиќ.
Comments