Некој ќе остане без работа: Тиквеш испрати соопштение по дисквалификацијата од Купот и најави откази за виновниците (Фото)
05.11.2026 Noemvri Cetvrtok
Фудбалската Федерација на Македонија оваа вечер со официјално соопштение до јавноста откри дека Тиквеш е дисквалификуван поради административниот пропуст кој го направи во осминафиналето на Купот, па иако дојдоа жестоки критики од Кавадарци од страна на фан базата, клубот од тиквешијата целосно ја презема одговорноста и посочи дека ја прифаќа доделената казна.
Тиквеш се обрати до своите фанови со подолг текст на социјалните мрежи, преку кој порача дека нема да бара оправдувања надвод од сопствените редови, туку дека ќе го бара проблемот во сопствените структури.
Раководството на Тиквеш најави дека ќе преземе конкретни мерки за непрофесионалниот однос на неколку вработени, па така административниот сегмент во клубот сега ќе добие нов лик.
– Почитувани навивачи, љубители на ГФК Тиквеш, граѓани на Кавадарци и спортски пријатели, ГФК Тиквеш ја информира јавноста дека ја прифаќа одлуката донесена од Фудбалската федерација на Македонија во врска со утврдената техничка грешка.
– Како клуб со долгогодишна традиција, богата историја и голема одговорност кон своите навивачи и градот Кавадарци, сметаме дека е наша обврска да постапуваме транспарентно, одговорно и во согласност со фудбалските прописи.
– Свесни сме за сериозноста на настанатата ситуација и за незадоволството што таа го предизвика кај нашите навивачи и поддржувачи. Клубот нема да бара оправдувања надвор од сопствените редови, туку целосната одговорност за направениот административен пропуст ќе ја бара во сопствените структури.
– Во таа насока, раководството на ГФК Тиквеш ќе преземе конкретни мерки и ќе изврши промени во административниот сегмент кој е задолжен за водење, подготовка и контрола на официјалната документација и процедурите поврзани со натпреварувањето. Нашата цел е ваквите пропусти никогаш повеќе да не се повторат, а работењето на клубот да биде на ниво што го заслужуваат името, традицијата и угледот на ГФК Тиквеш.
– Им се заблагодаруваме на сите навивачи и искрени поддржувачи за нивната верност, поддршка и љубов кон клубот. Ги разбираме нивните реакции и очекувања и уверуваме дека ГФК Тиквеш ќе продолжи да работи посветено на заштита на клупските интереси и достоинствено претставување на Кавадарци, – гласи објавата.
Само за потсетување, ФФМ одлучи да го казни Тиквеш со елиминација од Купот поради неправилен настап на Окере Ебубе Висдом на осминафиналниот натпревар против Вардар, односно поради ненавремено приложување на задолжителниот медицински документ за фудбалерот.

Comments