Некој нов Кирјос: Имам братска романса со Ѓоковиќ, ќе играме заедно во двојки
18.01.2022 Januari Vtornik
Ник Кирјос по долга пауза се врати на терените и тоа со шоу пред својата публика во Австралија каде оствари победа од 3-0 и со тоа место во второто коло на турнирот во Мелбурн каде ќе се соочи со Данил Медведев.
Кирјос имаше свој ден и беше расположен и на пресот по натпреварот каде одново застана зад Новак Ѓоковиќ и му даде максимална поддршка на Србинот по се што мина во Австралија.
-Новак и јас имавме несогласувања во минатото. Јас сега го бранам како што би бранел секој друг да е на негово место. Имаме братска романса и не се жалам, -почна Кирјос кој во минатото знаеше да упати многу отровни стрели на адреса на првиот светски рекет.
-Ова не го правам затоа што е Србин. Секогаш го правам она што мислам дека е правилно. Случајност е што Новак е во оваа приказна, -додаде Ник кој на крајот откри и што планира да направи со Ѓоковиќ.
-Ќе побарам од Ѓоковиќ да играме во двојки на некој од турнирите, -изненади Австралиецот со грчко потекло.
Comments