top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Некои од ѕвездите се стрелецот Смитс, аматерот Ван Лејвен, некогашниот фудбалер Кристијансон…

Updated: Feb 2, 2022

01.02.2022 Januari Vtornik

РАКОМЕТ – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Европското првенство (ЕП) во Унгарија и во Словачка, кое вчера заврши со мечот за златниот медал Шведска – Шпанија, остана во сенка на трицифрениот број ракометари позитивни на ковид-19, поради што се случуваше и на неколку часа пред натпреварите да не се знае со сигурност кој ќе истрча на теренот. Ракометниот редослед на врвот очигледно не е многу променет, апсолутен хит на ЕП се Исланѓаните и Холанѓаните… Едно од пријатните играчки изненадувања на ова ЕП е десниот бек на Исланд, Виго Кристијансон. Кога Исланѓаните беа десеткувани од ковид-19, а Арон Палмарсон и уште неколкумина играчи мораа да бидат во карантин пет дена, пристигна ракометарот на бундеслигашот Лајпциг. Тој постигна девет гола во сензационалната победа против олимпискиот шампион Франција, со 29-21. Кристијансон бил професионален фудбалер до својата 20-та година и бил десен репрезентативен бек во селекциите до 17 и до 19 години. Дресот на Бреидаблик го носел и во квалификациите за Лигата на Европа во 2013 година. Но потоа се префрлил на ракометот, играл за исландскиот клуб Грото, дански Рандерс и австриска Вест Виена, за потоа кариерата да ја продолжи во Германија.

На ЕП одушеви и Холандија, која ги елиминира Унгарија и Португалија во групната фаза, а особено внимание заслужува играчот на ПСЖ, Лук Стејнс, кој како шило се пробиваше покрај противничките одбрани. На ова ЕП експлодира уште еден Холанѓанец, десниот бек на лидерот во Бундес-лигата, Магдебург, Кеј Смитс. Додека не стана позитивен на ковид-19 беше најефикасен на ЕП, со 43 гола на пет меча, но не настапи на следните две средби, со Хрватска и со Данска. На дуелот со Црна Гора постигна девет гола, а со Унгарија 11 погодока. Холандија имаше повеќе играчи заразени со коронавирус во второто коло, па мораше да повика нови ракометари. Кога остана без голман, на помош пристигна непознатиот Тис ван Лејвен (35), кому ракометот му е хоби. Брани во Белгија, а по занимање е медицински дизајнер на импланти. Тој блесна на ЕП, имаше дури 14 одбрани на мечот со Црна Гора и беше херој во триумфот (34-30).


2 views

Comments


bottom of page