Некои непознати работи за популарниот пејач: На Ламбе името му е по дедо му Ламбро
Ламбе Алабаковски е омилен, популарен, но и доста актуелен македонски поп-пејач. Роден е во Битола, но детството и раната младост ги поминал во малечкото место Љубојно, на околу два километра од Преспанското Езеро.
Долги години живеел заедно со родителите, мајка си Маријана, татко си Лазар, постариот брат Андреј, баба си Менка и дедо си Ламбро, по кого го добил убавото народно, македонско име. Средно музичко училиште завршил во Битола, а, како дете, редовно помагал во работата по нивите, во берењето преспански јаболка… По победата на музичкото шоу „М2“ во 2004 година, животот му се промени, тој се пресели во Скопје.
Во мај 2006 година, доживеа семејна трагедија. По боледување, почина неговата мајка Маријана. Тогаш тој имаше 18 години, а тажниот настан го дочека во Атина, на Песна на Евровизија, каде што беше дел од македонската екипа со Елена Ристеска. Неговите блиски раскажуваа дека продолжил да пее најмногу поради мајка си, која секогаш му била голема поддршка во кариерата. (Д.М.)
Comments