top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Некогашниот голем фудбалски талент на Реал Мадрид банкротираше на 33 години

03.12.2020

Поранешниот играч на Реал Мадрид и огромна фудблска надеж во Европа, Ројстон Дренте има статус на еден од најлоши искористените фудбалски таленти, нешто за што се погрижи самиот тој со огромениот пад во формата, но секако и со лошите потези и дистракции кои ги имаше во приватниот живот.

Дренте денеска има 33 години игра во третата фудбалска лига во Холандија за Козакен Бојс, но како играч кој порано зараобтуваше милиони евра, сега се доведе во ситуација да прогласи банкрот откако лошо ги менаџираше своите пари кои ги заработи во најдобрите денови во кариерата.

Судот во Бреда денеска донесе одлука и процени дека Дренте влегува во процес на личен стечај, поради што му е доделен стечаен управник за да има што помалку лични штети кога се довел до ситуација да банкротира.

Извршителните органи веќе подолго време го прогонувале Дренте, па стечајниот процес во дадената ситуација е најдобро сценарио за некогашниот огромен фудбалски талент кој сосема нормално ја прифаќа новата реалност.

– Не ги знам сите детали од пресудата и не знам што точно се случува, но ако е тоа што се вели, за мене нема некое преголемо значење, – изјави Дренте кој пред три години призна дека не знаел како попрво да ги потроши парите додека беше дел од фудбалскиот крем.

– Кога почнав да заработувам многу, ми беше важно да ја видам цифрата која ќе ја заработам. Видов дека во договорот пишува 1,8 милиони евра во првата сезона и ништо друго не ми беше важно. Не знаев како попрво да ги потрошам парите, – изјави тогаш Дренте.



0 views

Comments


bottom of page