top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нека биде Рим како Торино и Палермо: „Рисовите“ заминаа за „вечниот“ град (ФОТО)

Без голем притисок, но со фокусираност за европскиот првак, македонската фудбалска репрезентација „летна“ за Рим. Третата посета на „чизмата“ во натпревар за бодови ги потсеќа љубителите на фудбалот на натпреварите во Торино и Палермо, кои имаат посебно место во нашата историја.

Милевски го потврди ростерот од Ла Валета и Прага, со враќањето на Тихомир Костадинов како битен елемент во средниот ред. Утре од 17:00 часот нашите фудбалери ќе го одржат официјалниот тренинг, а натпреварот на „Олимпико“ е в петок навечер од 20:45 часот.

Македонската репрезентација ќе има поддршка од нашите сонародници во овој дел на Европа, а играњето во Италија ќе биде посебен мотив за Елмас и Трајковски.

По завршувањето на меѓусебниот дуел двете селекции ќе се фокусираат на последното коло. В понеделник Македонија ќе ја пречека Англија, а Италија во Леверкузен ќе игра со Украина.








1 view

Comentarios


bottom of page