top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Неизбежна средба: Анџелина и Бред набргу ќе претстават нови филмови во Венеција

26.07.2024 Juli Petok

Анџелина Џоли и Бред Пит ќе ги претстават своите нови филмови на годинешниот филмски фестивал во Венеција, што значи дека неизбежно ќе се сретнат, пренесува „Холивуд рипортер“. Освен на суд, овој пар одамна немал блиска средба лично.Познатата актерка доаѓа на 81. издание на фестивалот во Венеција за филмот „Марија“, во кој ја толкува главната улога на оперската пејачка Марија Калас. Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг пристигнува како една од главните ѕвезди на филмот „Волфс“, во кој глуми со Џорџ Клуни.Двојката последен пат се појави заедно на Филмскиот фестивал во Венеција во 2007 година кога Анџелина прошета на црвениот тепих како придружба на Бред пред премиерата на вестернот „Убиството на Џеси Џејмс“.

Анџелина и Бред се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година по што почнале врска и се венчале во 2014 година. Поради, како што изјавила оваа позната актерка, непомирливите разлики меѓу нив, Анџелина поднела за развод во 2016 година.

Разводот беше финализиран во 2019 година. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета. Се вели дека парот постигнал спогодба во 2018 година кога адвокатот на Анџелина изјавил за „Ројтерс“ дека „договорот за старателство е постигнат и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес со разни пресврти.

Ќерките Вивиен и Захара се откажаа од презимето на својот татко, а ова неодамна го направи и 18-годишната Шајло. Барањето за промена на името дојде откога извор близок до семејството изјави за „Пипл“ дека Пит нема контакт со своите возрасни деца, но сепак ги посетува помладите.


2 views

Comments


bottom of page