Незадржливиот Јокиќ брилјираше во „малото финале“, Србија режираше слатка одмазда против Германија за трето место (Видео) Олумписки игри Парис Франција 2024 фото и видео
12.08.2024 Avgust Ponedelnik
Објавата е од 11.08.2024 Август Недела
Многумина се прашуваа дали српските кошаркари ќе пронајдат доволно мотив за игра по болниот пораз од Америка, но избраниците на Светислав Пешиќ се прикажаа во најдобро можно светло денеска во мечот за третото место.
Малото финале на Олимписките игри во Париз мина во знакот на српската репреезентација, која од почетокот до самиот крај го диктираше темпото и сосема заслужено стигна до бронзениот медал.
Германија пред една година ја победи Србија во големото финале на Светското првенство, но тогаш дел од српскиот тим не беше Никола Јокиќ, кој пак денеска ја направи главната разлика на паркетот.
Најдобриот светски кошаркар издоминира со трип-дабл и ја предводеше Србија до победа и лесен триумф, во кој на противникот не му препуштија ништо во ниту еден момент.
Германија не поведе ниту еднаш на овој меч и на крајот загуби уверливо со 93:83, што значи дека Србите режираа и слатка одмазда за поразот од пред една година.
Јокиќ беше лидер со 19 поени, 12 скокови и 11 асистении, следен беше од Мициќ кој исто така постигна 19 поени, а не потфрли и капитенот Богдановиќ со 16 поени. Кај поразениот тим најдобар беше Вагнер со 18 поени.
留言