top of page
Search

Недопирлив: Меси испиша нова фудбалска историја со трофејот од Копа Америка (Фото)

15.07.2024 Juli Ponedelnik

Лионел Меси не можеше да им помогне на своите соиграчи од Аргентина во завршната фаза од финалето на Копа Америка, но и покрај тоа, „гаучосите“ ја одбранија титулата шампиони на Јужна Америка.

Аргентина стана првата селекција во историјата која победила на Копа Америка, на мундијал и повторно на Копа Америка, а овој голем успех на златната генерација му донесе уште еден историски момент на Меси.

Капитенот го подигна трофејот на стадионот во Мајами и придодаде уште една титула во своите витрини, а токму истата го прави најуспешниот фудбалер во историјата на оваа игра.

Меси до денеска беше израмнет со Дани Алвес со освоени 44 големи трофеи, но сега изби сам на вечната листа со 45-от во блескавата кариера.

Лео долго чекаше на златни денови како овие што ги доживува со Аргентина, меѓутоа судбината посака најдоброто да го има за самиот крај со освоени три големи трофеи во последните три години.


1 view

Comments


bottom of page