Неделковски откри дека Вардар прецртал двајца првотимци, но пријави и голем интерес од други клубови за Омерагиќ
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
10.06.2026 juni Sreda
Миленко Неделковски како извршен директор на Вардар имаше брифинг со новинарите и откри дека клубот спогодбено прифатил казна од 250 илјади евра од страна на УЕФА, но даде свои најави и за промените кои ги ќе претрпи тимот во играчкиот кадар.
Стартот на подготовките за евро-обврските се во воведна фаза и тимот допрва ќе треба да се оформи, а денеска Неделковски откри дека Вардар како клуб им ги раскинал договорите на Фахад Азиз Бајо и Раматан Муса.
Говорејќи пред новинарите, Миленко откри дека неизвесна останува и иднината на Азер Омерагиќ, кој во оваа фаза од месец јуни е интересен за повеќе клубови од различни земји.
Центарфорот на Вардар е „барана роба“ на трансфер пазарот, но клубот засега нема добиено ниту една официјална понуда.
– Има голем интерес за купување на Азер Омерагиќ. Неколку клубови остварија иницијални контакти со нас, станува збор за клубови од Кипар, МЛС лигата во САД, од Словачка и од Уругвај. Засега нема официјална понуда на наша адреса и затоа е можеме да откриеме повеќе детали, – изјави директорот на Вардар.






Comments