Неготинската библиотека со натпревар за најмладите членови
06.10.2021 Oktomvri Sreda
Неготинската библиотека „Страшо Пинџур” организира натпревар за најмладите членови, кој ќе трае од 8 до 15 октомври. Есента е во центарот на натпреварувањето, а ќе има и награда за најдобрата креација, велат од библиотеката.
– За нашите мали членови, кои се креативни и сакаат да користат материјали од природата, имаме натпревар – Есенска креација. Сите креативни изработки треба да се донесат во нашата библиотека. Истите ќе бидат објавени и ќе се избере и награди најдобрата, појаснуваат оттаму.
Од библиотеката посочуваат дека младите не се ограничени во користењето и избор на материјал за работа.
– Единствено да е природен. Натпреварот започнува од 8 октомври и ќе трае до 15 октомври, велат од неготинската библиотека.
Од библиотеката исто така информираат дека четири нови наслови од „Матица” се достапни за сите членови.
– Станува збор за книгите „Море на загубената љубов”, „Изгубените рози”, „Последното патување на Валентина” и „Лаги што поврзуваат”, појаснија од библиотеката.
Comments