Невил со прва реакција откако Јунајтед најави дека ќе го отпушти Роналдо
Манчестер Јунајтед најави дека ќе презема правни чекори против Кристијано Роналдо по неговото ексклузивно интервју со кое го наруши угледот на клубот, што е јасен сигнал дека англискиот великан предвреме ќе го раскине договорот со Португалецот и ќе го отпушти во најскоро време.
Зборовите на Роналдо предизвикаа сериозен потрес во светската спортска јавност и донесоа голема резигнација во клубот, па откако првата неговата етапа во Манчестер беше незаборавена, втората ќе заврши на крајно неславен начин.
Соопштението на Јунајтед наиде на одобрување кај многу фанови кои во оваа епизода ја избраа страната на клубот, но разочаран од целокупните случувања е и човекот кој Роналдо директно го критикуваше во интервјуто, Гери Невил.
– Тажно е што дојде до точка каде што веројатно најголемиот талент на Јунајтед најверојатно ќе биде отпуштен. Не требаше да биде вака. Зрелиот разговор пред неколку недели меѓу двете страни можеше да обезбеди непречено разделување, – порача Невил.
Гери и Руни беа поранешните соиграчи кои жестоко го критикуваа Роналдо во последно време, па Португалецот го искористи интервјуто со Пирс Морган за дрско да им одговори.
Comments