Невил по поразот на Јунајтед: Клубот го извиси Тен Хаг во јануари
Манчестер Јунајтед се врати со празни раце од вчерашното гостување кај Њукасл, а Гери Невил смета дека овој резултат е последица на работата на раководството во текот на последниот преоден рок.
Поранешниот играч на Јунајтед го коментирал поразот од Њукасл, анализирајќи ги слабите резултати на екипата на гостувањата кај најголемите ривали.
– Ако на фановите пред почетокот на сезоната им најавевте дека Јунајтед ќе биде во ваква ситуација во овој дел од сезоната, сигурно ќе беа задоволни.
– Освоија трофеј, имаат шанса да се борат во ФА купот и Лига Европа, а истовремено се во Топ 4 во Премиер лигата. Сепак, она што недостасува се гостувањата кај најквалитетните ривали, тогаш кога е потребна храброст и дрскост, Јунајтед потфрла.
– Вегхорст е добар до одреден степен, но не може да биде стартер во Јунајтед, но кој би ви дал квалитетен голгетер на заем во јануари. Го загубија Роналдо, претходно Кавани, Марсијал беше повреден. Не можете да играте без класичен напаѓач.
– Мислам дека клубот го извиси Тен Хаг во јануари. Се знаеше дека Роналдо заминува уште во ноември, имаа шест недели да реагираат и не направија ништо. Не му дадоа пари на Тен Хаг за трансфери затоа што немаат. Имаат долгови од 900 милиони фунти и не можат да си дозволат трансфер, тоа е суровата реалност, – вели Невил.
Comments