top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Невил не ги отпишува „топчиите“: Арсенал е фаворит за титулата во Премиер лигата

06.11.2024 Noemvri sreda

Арсенал имаше јасна цел и амбиција во актуелнава сезона да го нападне тронот на Манчестер Сити во Премиер лигата, поточно конечно да го направи тој последен исчекор и ја врати титулата во своите витрини по долга пауза.

Меѓутоа клубот од Лондон покажа слабости и се соочи со доста проблеми во досегашните десет одиграни кола и веќе заостанува седум бода во однос на лидерот Ливерпул, разлика која не е голема, ама и не е мала за оваа фаза.

Многумина почнуваат да се откажуваат од „топчиите“, да ги елиминираат од трката за титулата, нешто со кое пак не се согласува Гери Невил кој ги гледа избраниците на Артета како први фаворити за пехарот во шампионатот.

-Сè уште мислам дека тие се најголемите фаворити за титулата и неодамнешните резултати можат да ги мотивираат дополнително. Можно е и за три-четири месеци да изгледам како целосен идиот и луѓето да ја вртат оваа моја изјава. Да се чудат што зборувам. Тимовите поминуваат низ секакви работи во текот на сезоната во која стануваат шампиони.

-Манчестер Сити во моментов не личат на себе, а Ливерпул е совршен. Понекогаш само треба нешто да кликнете. Да, почетокот на сезоната не беше баш добар за нив и не се таму каде што ги очекувавме, но повредените ќе се вратат по репрезентативната пауза и тие се целосно способни да влезат во победничка серија.

-Во март, април и мај можат да бидат вистински претенденти за титулата. Во моментов изгледа како да се сожалуваат себеси поради неколку повреди. Во вакви времиња се потребни херои. Во такви времиња се раѓаат легенди. Никој не се грижи што имате повреди во текот на сезоната. Овие играчи сепак ќе се вратат, но не треба да се чекаат. Во оние натпревари каде што тие се отсутни, треба да се водат најтешките битки, -порача легендата на Манчестер Јунајтед.


0 views

Comments


bottom of page