Невил го советува Ретклиф да избегне три тренерски имиња: Подобро да остане Тен Хаг
28.03.2024 Mart Cetvrtok
Гери Невил е еден од најголемите критичари на Манчестер Јунајтед во последните неколку години, но и тој како сите други легенди се надева дека ќе дувнат позитивни ветришта во клубот со доаѓањето на Џим Ретклиф.
Новиот косопственик на Јунајтед ќе биде задолжен за спортскиот проект и веќе почна со промени на директорските места, но медиумите се почесто пишуваат дека ќе се одлучи и за менаџерска промена.
Ерик Тен Хаг не е сигурен на својата позиција и постоја реални шанси да биде отпуштен по крајот на актуелната сезона, а како потенцијални наследници веќе се споменуваат Герет Саутгејт, Грем Потер и Гери О’Нил кој сезонава одлично го води Вулверхемптон.
Гери Невил не верува дека ниту еден од овие тројца е вистински кандидат за клубот од „Олд Трафорд“, па затоа го советува Ретклиф да му даде уште една сезона на актуелниот менаџер.
– Би сакал Тен Хаг да остане уште една сезона, особено поради тоа не гледам некој слободен на трансфер пазарот. Ако беше слободен тренер како Јирген Клоп, тогаш во ред, но вака може да завршиме со некој кој не е ниту приближно добар како Тен Хаг. Ерик веќе има двегодишно искуство во клубот и би останал со него, наместо со имињата кои се поврзуваат со клубот.
– Саутгејт е добар со Англија, но никогаш не гледам на него како вистински човек за Јунајтед. Не гледам ни како Грем Потер би направил нешто добро во Јунајтед, а исто така не го гледам ниту Гери О’Нил како тренер за овој тим на Манчестер. Искрено, не ми изгледаат како тренери кои се создадени за Манчестер Јунајтед, – потенцира Невил.
Comments