top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Невидена ситуација во поновата историја на Барса: Куман прочита соопштение и го напушти пресот!

Updated: Sep 23, 2021

22.09.2021 Septemvri Sreda

Роналд Куман се појави на стандардната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Кадиз во домашното првенство, но овој прес ќе остане запаметен како еден од најчудните во поновата историја на Барселона.

Холандскиот стручњак не дозволи прашања од новинарите, па официјалнот прес го започна самостојно, а така и го заврши откако го прочита соопштението кое го имаше подготвено за јавноста.

– Клубот е со мене во овие тешките моменти на реконструкција. Економската ситуација е тесно поврзана со спортскиот проект. Ние како тим, мораме да ја реконструираме екипата без големи вложувања, а за тоа е потребно време. Талентите можат да бидат фудбалски ѕвезди за неколку години.

– Младите ќе добијат шанси, како што во свое време ги добија Чави и Иниеста, но потребно е да се има трпение. Да се остане високо на табелата во Примера ќе биде успех оваа сезона. Европскиот фудбал е добра школа за овие млади таленти, но во Лигата на шампионите не можат да се очекуваат чуда.

– Поразот од Баерн треба да се гледа од оваа перспектива, тимот треба да добие поддршка, со зборови и со дела. Знам дека јавноста го признава овој процес, Барселона не се соочува со ваква ситуација за првпат во историјата. Сметаме на вашата поддршка во овие тешки времиња. Ние сме презадоволни од поддршката која ја добивме од фановите на мечот со Гранада. Да живее Барса, – порача Куман кој не дозволи прашања од присутните новинари и го напушти пресот.


2 views

Comments


bottom of page