Неверојатно: Аргентинците бараат да се преигра финалето со Шпанија!
- Aleksandar Santovski
- Jul 24
- 1 min read
24.07.2026 Juli Petok
Дел од аргентинските навивачи не можат да се помират со поразот во финалето на Светското првенство, па покренаа петиција за повторување на натпреварот со Шпанија.
Петицијата, објавена на платформата Change.org, досега собра повеќе од 60.000 потписи. Нејзините иницијатори сметаат дека судијата Славко Винчиќ донел погрешни одлуки кои влијаеле врз исходот на финалето.
И покрај незадоволството на дел од јавноста, не постои реална можност натпреварот да биде повторен, бидејќи резултатот е официјално потврден и вакви петиции немаат правна тежина во фудбалските натпреварувања.
Дел од фудбалските фанови се потсмеваат со оваа петиција, затоа што сметаат дека Аргентина била значително послаб противник во финалето, а дополнително се гневни поради однесувањето на репрезентативците по завршувањето на натпреварот.






Comments