Неверојатниот Лилард со историска деби партија го реши големото НБА дерби (Видео)
Дејмијен Лилард после цели 11 години го напушти Портланд со цел конечно да биде дел од шампионски проект, а веќе на првиот меч во новата средина покажа за каков неверојатен играч станува збор.
Фантастичниот плејмејер експресно ја презема лидерската функција во редовите на Милвоки, па Јанис Адетокумбо брзо сфати дека ќе има многу полесна задача со ваков мозок во тимот.
Милвоки и Филаделфија одиграа спектакуларно НБА дерби и драмата им припадна на „елените“ со 118:117, а клучен за триумфот беше Лилард кој ги постигна последните 11 поени за својот тим.
Кога се вкупните бројки во прашање на овој меч, Дејм запиша 39 поени, 8 скокови и 4 асистенции, па со тоа сосема заслужено го понесе приматот МВП на натпреварот, а воедно го имаше и најдоброто деби во историјата на Милвоки.
Јанис Адетокумбо помогна со 23 поени, 13 скокови и 3 асистенции, додека во поразениот тим Макси постигна 31 поен, Убре 27, а Ембид 24 поени.
На вториот меч кој се играше во НБА, Лос Анџелес Лејкерс се опорави од стартниот пораз од Денвер и славеше над Феникс со 100:95.
Comments