НЕ ЈА ДОЧЕКАА ПРЕМИЕРАТА Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ глумеа заедно во филмот „Руски конзул“
Српскиот филм „Руски конзул“ е проектот што ги поврзува Мето Јовановски и Жарко Лаушевиќ, двете големи актерски имиња што оставија траен белег во југословенскиот и балканскиот филм. Во два дена две актерски легенди кои оставија траен белег во балканскиот филм заминаа во вечноста. По тешко боледување вчера почина Жарко Лаушевиќ (63). Денеска не напушти бардот на македонскиот и на југословенскиот филм и театар, Мето Јовановски (77). Двајцата големи актери ги поврзува последниот заеднички проект, српскиот филм „Руски конзул“ на кој не ја дочекаа премиерата.
Снимањето на историската драма „Рускиот конзул“ во режија на српскиот режисер Мирослав Лекиќ траеше од 15 мај до 13 јули, а премиерата на филмот е закажана за почетокот на 2024 година.Во филмот „Руски конзул“, работен според истоимениот роман на Вук Драшковиќ, Жарко Лаушевиќ ја толкува главната улога, а Мето Јовановски е дел од актерската екипа во која се уште и Небојша Дугалиќ, Паулина Манов, Константин Фиданов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Петар Зекавица, Нада Мацанковиќ, Славиша Чуровиќ, Енвер Петровиќ.
Претходно, Жарко Лаушевиќ и Мето Јовановски играа заедно и во филмот „Нечиста крв“ (2012).
Opmerkingen