top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Не се курчи“ – стендап шоу на Надица Петрова во „Јавна соба“

Стендап настапот на Надица Петрова „Не се курчи“ ќе биде премиерно изведен вечерва, (22 март) во 21 часот во центарот „Јавна соба“.

-Во „Не се курчи“ Надица е една обична женска личност која уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за “курчењето”. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб. Таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето“. Несомнено ќе ги предизвика неизбежно актуелните теми во секојдневната борба за себереализација без трошка самокритичност, а преку директни животни искуства ќе го раскаже патот до „неостварената цел“. Кој сум јас низ оваа лична борба и која е цената на соочувањето преку оваа реалност?! -се прашањата со кои Надица ќе допре и во нашите имтимни приказни, посочуваат од Јавна соба.

Од „Јавна соба“ истакнуваат и дека Петрова која има преку 30 успешни изведби на „One wo-man comedy show“, „Која сум Јас“, по подолго време, излегува пред публиката со настап што ќе ја насмее скопската публика.

Како што додават оттаму, Стенд-ап комедијата како уметнички израз и како општествена критика зазема доминантна позиција во поглед на културно – уметничка програма како во Скопје така и низ другите градови во Македонија, а тоа видно допринесува за окрупнување на самата независна културна сцена во земјава. „Не се курчи“ е само уште еден бидер на герданот кој независната сцена успешно го ниже веќе неколку години.


0 views

Comments


bottom of page