Не сакаше да биде резерва во фудбалски тим, се префрли на атлетика и испиша историја
Атлетичарите од африканскиот континент се познати како најдобри за трките на долги и средни патеки, а во иднина може да видиме Афирканец да биде и најбрз човек на светот.
Црниот Континент имал добри спринтери на 200 и 400 метри, како Френки Фредерикс, Френсис Обиквелу или Вејд Ван Никерк, но на најпрестижната и најкратка атлетска трка на 100 метри до вчера немаше Африканец кој освоил медал.
На СП во Будимпешта, Лесиле Тебого од Боцвана мина втор низ целта зад Американецот Ноа Лајлс и испиша историја. Тебого има само 20 години, како 18-годишен стана еден само од двајцата спринтери до 20 години кои 100-ка истрчале за помалку од 10 секунди.
Тој на почетокот на спортската кариера тренирал фудбал, но бил резерва во својот тим и сфатил дека е роден за атлетика. Омилена му е трката на 200 метри, па во Будимпешта се надева на уште еден медал. Идол му е светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусејн Болт, и порачува дека е време Африка да го преземе приматот во спринтерските дициплини.
Comentarios