top of page

(Не)очекувано: Аргентинската федерација отворено го поддржа Инфантино

07.08.2026 Avgust Petok

Џани Инфантино е под голем притисок и се обидува да обезбеди доволна поддршка за да избегне смена од претседателската функција во ФИФА, а неговото лобирање последните денови даде одредени резултати, за кои не е јасно дали се доволни да добие нов мандат.

Проектот за продажба на дел од правата за светските првенства на приватни инвеститори ја прели чашата кај УЕФА, па и покрај информацијата дека ФИФА се повлекла од контроверзната идеја, европските федерации се едногласни дека Инфантино треба да си замине од функцијата.

Сепак, тоа не го спречува првиот човек на светската федерација да собира поени онаму каде што може, а сега доби јавна поддршка од фудбалските федерации на Аргентина и Мексико.

Двете федерации испратиле писмо со поддршка до ФИФА, потенцирајќи го залагањето и придобивките од работата на актуелниот претседател, а на оваа страна се и африканските федерации.

УЕФА има поддршка од азиските федерации, но засега е нејасно дали може да собере доволно гласови за вонреден конгрес и гласање недоверба на Инфантино или ќе се обиде да го смени актуелниот претседател на редовните избори следната година.

Еден од главните адути на Европската фудбалска федерација е потенцијалниот бојкот на натпреварувањата организирани од ФИФА, потег кој секако ќе биде голем удар за планираните турнири во машка и женска конкуренција.


 
 
 

Comments


bottom of page